ММДЧП ги изнајми услугите на меѓународната адвокатска фирма Даути Стрит Чемберс (Doughty Street Chambers) да истражи правни дејства против оние што се обидуваат да го променат името на Македонија

 

Македонското меѓународно движење за човекови права им наложи на Даути Стрит Чемберс, меѓународна адвокатска фирма лоцирана во Лондон, и Фридман Боид Холандер Голдберг Урајас и Уард ПА (Freedman Boyd Hollander Goldberg Urias & Ward PA), со седиште во САД, да советуваат за тужби против поединци и држави кои се вклучени во промената на името на Македонија.

ММДЧП долго време се залагаше за завршување на антимакедонските преговори за името, истакнувајќи дека промената на името на Македонија претставува кршење на основните човекови права и ќе ја уништи македонската етничка припадност.

Ненси Холандер (Фрименд Бојд Холандер Голдберг Уријас и Уард) рече: “Името на една земја е многу повеќе од само нејзиното име.Тоа е од основно значење за идентитетот на нејзиниот народ. Затоа, ги истражуваме сите можни правни можности во судовите на САД кои ММДЧП може да ги користи за да спречи било каква промена на името на Македонија”.

Татјана Етуел (Даути Стрит Чемберс) рече: “Името на Македонија е од централно значење за идентитетот на македонскиот народ. Тековниот спор меѓу Грција и Македонија за името на Република Македонија не е само технички спор, туку има далекусежни последици за македонскиот народ во однос на нивниот етнички и национален идентитет и признавањето на македонскиот јазик. Ги испитуваме правните можности во рамките на ОН и европските рамки за човекови права кои му се достапни на ММДЧП во нивната кампања за ставање крај на преговорите за името “.

Бил Николов, претседател на ММДЧП, рече: “Македонците нема да дозволат актуелните политичари да го променат нашето древно име, идентитет и етничка припадност. Очекуваме и бараме меѓународната заедница да ни помогне во одбрана на нашите најосновни човекови права и веднаш да стави крај на антимакедонските преговори за името. Промена на името на една цела етничка група за да ги смири своите угнетувачи ја нарушува секоја конвенција за човекови права што Западот тврди дека им се при срце. – стои во соопштението на Македонското меѓународно движење за човекови права од Канада.