ММДЧП: Македонски компании одбиваат бизнис уплашени од Владата

Македонското меѓународно движење за човекови права од Канада тврди дека домашни компании од одбиваат да соработуваат на бизнис основа со движењето поради страв од Владата.

“Компаниите кои стопанисуваат со билбордите се плашат да ги истакнат најновите #НашетоИмеЕМакедонија билборди. Страв им е од #Заев и неговата #АмериканскаДиктатура. Зоки, не сме готови до тебе. Ќе идеш во затвор. #Македонија ќе се спаси од тебе. #ЗатворЗаЗаев #Апсаана #Бојкотирам”, пишува во објавата на ММДЧП.

Ова движење е најактивното меѓу Македонците во дијаспората. За време на кампањата на референдумот ММДЧП залепи илјадници постери против промената на името и уставот низ Македонија но не најде фирма која што се согласи да ги објави нивните билбоарди./ww.expres.mk