МНР на Русија: Со нападот САД и сојузниците удрија по меѓународното право

 

Со нападот што во Сирија го изведоа САД, Велика Британија и Франција погодена е не само географска точка, туку и системот на меѓународното право, изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова.

„Од дипломатска гледна точка, нанесен е удар не само на географска цел на мапата на Земјата, туку и на меѓународното право. Ова е удар по целиот систем на меѓуанроните односи“, рече захарова. Таа соопшти дека Русија на седницата на Советот за безбедност што ќе се одржи попладнево, ќе претстави доказ за незаконитоста на воздушните напади што синоќа се случија во Сирија.