Мун Жае-ин ја прогласи победата на претседателските избори во Јужна Кореја

 

По претседателските избори во Јужна Кореја, според првите неофицијални податоци Мун Жае-ин кој ги помина противниците ја прогласи победата. Имено Мун Жае-ин кој го брани ставот за зближување со Северна Кореја во победоносниот говор рече дека ќе биде претседател на сите граѓани.

 

Според последните податоци кои беа објавени од страна на Националната изборна комисија, досега се избројани 98 насто од гласовите. Мун Жае-ин според неофицијални податоци освои 39,6 насто од избројаните гласови. Одѕивот на учеството на граѓаните на претседателските избори во Јужна Кореја изнесуваше 77,2 насто од севкупното население на земјата. Тоа е најголем процент на учество на граѓаните во последните 20 години.

По конечното утврдување на изборните резултати, Мун Жае-ин денес се очекува да положи заклетва и официјално да почне со претседателската функција. 64 годишниот Мун Жае-ин, лидер на Демократската партија која ја формираше самиот во рамките на кампањата спротивно на досегашната актуелна влада на Јужна Кореја на граѓаните им вети дека ќе ги зачести контактите со Северна Кореја.

Мун Жае-ин е поранешен адвокат за човекови права и во кампањата даде ветување дека ќе изготви дополнителен буџет во износ од 10 трилиони вони (околу 8,8 милијарди долари) за оживување на економијата на земјата. Мун кој е син на едно доселеничко семејство, во 1970 години поради учество во студентските протести беше уапсен, додека по службата во специјалните сили на Јужна Кореја, му беше екстрадирано правото да се бави со адвокатска професија во сферата на човековите права.

Јужнокорејскиот претседател Парк Геун-Хе кој се обвинуваше за корупција и злоупотреба на должноста, во март беше разрешен од функцијата. На тој начин Парк Геун-Хе беше првиот јужнокорејски лидер кој од функцијата беше разрешен со судска одлука.

Advertisement