На големиот собир на Македонците во Австралија учестуваа и бројни Македонци чии корени се од македонските села во Албанија

На големиот собир на Македонците во Австралија учестуваа и бројни Македонци чии корени се од македонските села во Албанија. Како и сите присутни и тие, континуирано се информираат за состојбата и животот на нивните фамилии останати во родните села. Врз основа на тие сознанија, Македонците во Австралија, чии предци живееле и работеле во македонските села кои денес се наоѓаат во Република Албанија, јавно побараа почитување на основните човекови права на жителите на Албанија со македонско потекло. Имено, непримерното одбивање на албанската Влада да го признае постоењето на македонското малцинство во другите делови од Албанија, освен во Преспа, претставува пример на недемократско однесување на една власт кон дел од жителите во својата држава само поради нивното потекло. За таа цел, јавно ја истакнале паролата дека на Македонците од Албанија не им се дозволени нивните основни права.