Најлуксузниот авион на Royal Jet (ВИДЕО)

Новите луксузни авиони на Boeing се вистински хотели од 5 ѕвезди во воздух, а доказ за тоа е и најелитниот патнички лет со Boeing Business Jet (B737) на Royal Jet од Абу Даби од Обединети Арапски Емирати. Во Арапскиот свет долго време трае трката за привлекување на бизнисмените од целиот свет со понуда која не може никој друг да парира бидејќи нудат неверојатно искуство во луксузната класа со голем број на бенефиции и удобности за патниците. Во Boeing Business Jet (B737) на Royal Jet секој патник добива персонализиран таблет преку кој ги контролира сите параметри во кабината како температурата, осветленоста, па дури и музиката. Во меѓувреме го служи елитен шеф со најекстравангантите специјалитети, а има и пристап до бања, како и кревет за спиење.