Намалена економската доверба во еврозоната

Центарот за европски економски истражувања на еврозоната (ZEW) соопшти дека во декември се намали Индексот на економска доверба за 29 поени.Според соопштението кое беше објавено од страна на анкетната агенција ZEW со седиште во германскиот град Манхајм, индексот на економска доверба ZEW со кој се мери довербата на институционалните инвеститори и аналитичари во економијата, во декември во еврозоната во споредба со ноември а намали за 1,9 поени. Индексот на економска доверба во Германија во овој период се намали на 1,3 поени. Индексот во ноември изнесуваше 18,7 поени, додека овој месец се намали на 17,4 поени и продолжи да се движи под долгорочниот просек од 23,7 поени.