Народно движење за Македонија: Договорот со Бугарија е штетен за националните интереси

Во организација на Народно движење за Македонија, во Домот на АРМ се одржа стручна дебата за Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Македонија и Бугарија на која свое излагање имаа универзитетските професори Јанко Бачев, Стефан Влахов Мицов, Тони Науновски, Тодор Чепреганов, абасадорот Ристо Никовски, новинарот и водител Слободан Томиќ, претседателот на Семакедонскиот национален совет – Македониум Страшко Олумчев и аналитичарот Горан Путица под модераторство на Марјан Камиловски.

Како што велат од НДМ, општ заклучок кај учесниците на дебатата бил дека Договорот со Бугарија е штетен за македонските национални и државни интереси и за Македоницте што живеат во Бугарија, дека е контрадикторен и спротивен со принципите на општото меѓународно право и правото на ОН кои недостатоци се основа за негово поништување, дека се толкува различно – додека кај власта се доживува еуфорично и се слави, кај народот предизвикува разочараност, фрустрации и загриженост.