Нашата помош ќе трае толку долго колку што ќе трае тиранијата врз Македонскиот народ

„Македонија е под опосервација на специјални надворешни и внатрешни сили за промена на името на државата и идентитетот на нацијата! Македонците во светот, како нераскинлив и неотуѓив дел од Македонскиот народ чии корени се во Македонија, имаат историска и морална обврска да помогнат во одбрана на татковината! Во одбраната на името на државата и идентитетот на нацијата. Неодложно е потребно семакедонско помирување и обединување во целиот свет за одбрана на името на државата и идентитетот на нацијата! Со Македонија постоиме сите,без Македонија ќе исчезнеме како нација!

По тој повод, Македонската Глобална Координативна Мрежа – Канада како сојуз на македонски патриотски организации во Канада кои се дел од Глобалната Македонската Координативна Мрежа, одлучи дека ќе направи се во своите можности Семакедонскиот Протест на 27-ми Февруари да биде масовен и го покаже единството на Македонскиот народ! Македонската Координативна Мрежа од Канада ќе ги покрие целосно сите трошкоци за озвучување на протестот, воедно ќе ги покриеме трошоците за автобуси на сите организирани групи во Македонија кои не се во можност да ги покријат сами, до сега имаме 13 автобуси од разни градови на Македонија!

Нема да дозволиме тешката финасиска ситуација да ги остави патриотите дома додека цела Македонија и Македонците во Светот се дигаат за одбрана на Македонските Национални права! Нема да дозволиме фамилиите на нашите уставобранители да останат без леб додека нашите браќа и сестри гнијат по Македонските затвори само затоа што си ја бранеа својата земја! Ова е само почеток, нашата помош ќе трае толку долго колку што ќе трае тиранијата врз Македонскиот народ од кој сме дел и ние!

27-МИ ЦЕЛО СКОПЈЕ ДА БИДЕ ВО ЦРВЕНА БОЈА!

Да ни е вечна Македонија Браќа и Сестри Македонци!“ – стои во соопштението на Македонската координативна мрежа од Канада.

 

Advertisement