Националниот Комитет на МААК му дава целосна и безрезервна поддршка на претседателот на Република Македонија

Националниот Комитет на МААК му дава целосна и безрезервна поддршка на претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорѓе Иванов. Сметаме дека неговиот став е единствениот исправен и го охрабруваме да истрае без разлика на сите притисоци и закани. Истовремено, ги повикуваме организаторите и учесниците на сите протести и митинзи ширум Македонија и низ целиот свет, да ја насочат енергијата кон целосна поддршка на претседателот Иванов. Институцијата Претседател на државата нека биде оската на обединување на сите македонци. – стои во соопштението на Национален Комитет на МААК  потпишано од Претседател Страшо Ангеловски.