Нова политичка партија во Македонија ,,Демократи“

Денеска во Скопје се одржува основачко собрание на новата политичка партија ,,Демократи“. На собранието ќе бидат формирани органите на партијата и ќе бидат избрани претседател, генерален секретар и членови на највисоките партиски органи.

Исто така, пред членовите ќе бидат претставени статутот и програмата, а ќе се обрати иницијаторот за основање на партијата, Јорго Огненовски. Се очекува, тој и да ја предводи новата партија. Огненовски е познат македонски каратист, кој голем дел од животот го поминал во Америка.

Негова цел е , како што вели, граѓански пристап и концепт на решавање на проблемите, искоренување на криминалот и корупцијата, подобрување на условите во спортот. Од статутот на партијата, може да се види дека тие нема да им сугерираат на своите приврзаници како да гласаат на претстојниот референдум. Се залагаат за почитување на основните човекови права, меѓу кои и гласање и изјаснување на избори или референдуми, и почитување на волјата на граѓаните. /АКО.мк

Advertisement