Обвинителство почна истрага против Демократската партија за лобирање во САД

По зачестените одбвинувања од страна на владејачката Социјалстичка партија дека за лобирање во САД опозициската Демократска партија потрошла милион долари, Јавното обвинителство во Тирана започна истрага во врска со ово случај. Обвинтелството денеска побара од Централната изборна комисија и од Демократската партија да достават документација и финансиски извештаи за потрошените милион долари, кои се прикажани како изборни трошоци, потврди извор од Обвинителството за албанските медиуми.

Социјалстичката партија на албанскиот премиер Еди Рама соопшти дека вo понеделнк до Обвинителството ќе достави тужба „за перење пари“ против лидерот на демократите Љуљзим Баша. На обвинувањата Баша одговори дека со нив владејакото мнознство има за цел да го сврти вниманието од сопствените скандали во кои е вмешан поранешнот минстер за внатрешни работи Саимир Тахири и други партиски функционери.

Единствен човек кој ги крие парите си ти Еди Рама. Ти си тој кој треба да биде под обвинение за перење пари. Немој да го чекаш понеделник, туку веднаш достави документи до Обвнитекството, порача Баша. Опозициските демократи на три компании за лобирање во САД им платиле над милионо долари за да обезбедат средби на партиксите лидери со Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.

 

Advertisement