Одбојкарската репрезентација на Македонија втори во Европската лига

Одбојкарската репрезентација на Македонија уште еднаш го освои сребрениот медал во Европската лига. На завршниот турнир во Данска, Македонија во финалето загуби од Украина со 1-3. Три години по ред македонските одбојкари играат во финалето на завршниот турнир во Европската лига, но за жал и во третиот обид не успеаја да стигнат до најсјајниот медал.

Откако во 2015 година беа поразени од Словенија, а во 2016 од Естонија, на завршниот турнир во 2017 година, во Данска, Македонија во четири сета загуби од Украина.Украинците ги добија првите два сета (25-15, 25-22) Македонија возврати во третиот 24:26, но потоа Украина го освои четвртиот сет убедливо 25-13 за конечен триумф. Бронзениот медал на завршниот турнир и припадна на Шведска која во четири сета славеше над Данска.