Охридското Езеро атракција за риболовен туризам

Охридското езеро располага со огромни капацитети за развивање на туризмот, па така се најде место и за риболовниот туризам којшто може да бликне и да помогне во афирмација на најстарото езеро во Европа.  Постојано доаѓаат туристи риболовци кои рекреативно се занимаваат со тоа интересно хоби, но охриѓани даваат шанса туристите да се запознаат и со ловење со блинкер, мошне стар и примамлив начин доколку сакаат да пробаат нешто ново. Холанѓаните важат за најстраствени риболовци кои доаѓаат во Охрид.

„Најчесто имаме од Холандија, тие се стравствени риболовци. Минатата година имавме многу од Русија, туристи од Полска. Значи имаме од година во година е се поголем бројот на туристите кои сакаат да риболоват“.- рече Стојкоски. Инаку странските туристи не треба да имаат дозвола за риболов, туку процедурата е мошне едноставна, тие само треба да купат карта за риболов. За ова искоментираа и еколозите. Тие велат дека доколку се стави ова под закрила на локалната власт ќе се заштити рибниот фонд и ќе се развие туризмот подобро.