ОМД: Голем скандал Нимиц вработил грчка асистентка

 

Метју Нимиц, специјалниот посредник за решавање на спорот кој Грција го има со името на Македонија Метју, вработил грчкa асистентка, Еленор Деметридис, тврдат од Обединетата македонска дијаспора. Тие му пишале на Нимиц, а тој им вратил дека по неговото пензионирање од компанијата General Atlantic дека му бил доделена асистентка која ќе им помага и на другите пензионирани вработени од компанијата. Нимиц во одговорот до ОМД рекол дека не се интересира за етничката или религиска позадина на луѓето кои работат за него.

Ова е честа практика во светот на бизнисот и тоа е разбирливо, но со оглед на природата на неговата работа како посредник меѓу Грција и Македонија, некој би помислил поинаку. Дури и тоа да е „случајност“, да се има грчки асистент во така деликатна позиција, не претставува добар избор, неприфатливо е и претставува конфликт на интерес, тврдат од ОМД.

Од Обединетата македонска дијаспора велат дека му пишале на Генералниот секретар на Обединетите нации за појаснување за оваа ситуација и бараат да се стави крај на разговорите за промена на името на Македонија.„Во Обединетите нации Македонија е единствената земја во светот која се соочува со дискриминација со тоа што и се забранува употребата на нејзиното име за членство. До овој момент 137 земји во светот ја признаваат Република Македонија под нејзиното уставно име и тоа претставува 2/3 од членките на ООН“, велат од ОМД.

Како што е утврдено од страна на Комитетот на ООН за човекови права, меѓународото дипломатско признавање на државата Македонија под уставното име, „Република Македонија“ е неопходно, праведно и задолжително. Од ОМД ги повикуаваат Обединетите нации, Европската Унија, НАТО и оние земји кои се уште не го имаат сторено тоа, да ја признаат Македонија под нејзиното уставно име „Република Македонија