Опозицијата утре на протести во Албанија

Сојузниците на опозицијата се собраа денеска во седиштето на Демократската партија за да расправаат во врска со утрешниот протест. Претседателот на Демократска партија Љуљзим Баша ги повика сите граѓаните во Албанија да се обединат во протестот на кој тој ќе биде заедно со семејството. Според Баша, протестот нема да биде војна, ниту спектакл, туку величествен. Според него, протестот ќе докаже дека мнозинството население не ги признаваат бандитите во Владата. Во меѓувреме, претседателката на Движењето за социјалистичка интеграција (ЛСИ) Моника Криемади изјави дека премиерот Еди Рама има страв од протести. Според неа, на утрешниот марш нема да има никакво насилство и, како што рече таа, ќе се преземат мерки за да не се биде жртва на цивилните припадници на државната полиција. Барањето за протестот на опозицијата сега веќе е поднесено до полицијата во Тирана, а се очекува плавите униформи да бидат во зголемен број по улиците на главен град.

Advertisement