Средновековен кирилски ракопис богаство на Македонците од Албанија се чува во Русија

Орбелскиот триод претставува средновековен кирилски ракопис, потекнува од втората половина на XIII век има 241+4 пергаментни листа. Ги содржи двата дела на триодот, посниот и цветниот, како и пирамии и делови на уставот. Во ракописот се спомнуваат и имињата на Св. Кирил и на Св. Методиј, како и имињата на преподобните пуснтиножители Јован Рилски, Јоаким Осоговски и Прохоп Пчински. Името го носи според село Орбеле, Маќелара денес во Албанија каде што е пронајден селото Орбеле порано преставувало голем црковен центар. Потекнува од Охридската книжевна школа, текст покажува жанровско единство со химнографските делови во минеите и во октоисите. Се чува во национална библотека во Сант Петербург, Руска Федерација (РНБ, F. n. I. 102, збирка на Вериковиќ (241 л.) + Вјз. F. 124/4 (2 л.), Вјз. F. 124/10 (2 л.)