Папандреу: Освен името, Македонија е нашиот природен сојузник

Поранешниот премиер на Грција, Јоргос Папандреу, во интервјуто за грчкиот весник „Етнос“  вели дека ако се тргне настрана името, тогаш Скопје е природен сојузник на Атина.

“Доколку сегашните околностите дозволат задоволително решение, пошироката геополитичка ситуација е уште една причина да одиме чекор понапред. Скопје, ако се тргне настрана името, е нашиот природен сојузник. Решавањето на проблемот, ќе ни дозволи повторно да ја искористиме нашата стратешка позиција на Балканот”, вели Јоргос Папандреу во интервјуто за грчкиот весник „Етнос“, пренесува МИА.

Тој коментира дека во времето додека бил министер за надворешни работи, со неговиот македонски колега Георгиевски биле блиску до решение, а ги споменува и тактичките билатерални средби со Груевски, кога и двајцата беа премиери.

” Со Груевски, имав чувство дека го користи македонското прашање како оправдување за внатрешните проблеми”, вели Папандреу.

Поранешниот премиер, во интервјуто, како што јавува дописникот на МИА од Атина, упатува критики до опозициската Нова демократија, поради ставот во прашањето со името, односно нивното барање, коалиционите партнери во владата да се согласат за една единствена и заедничка позиција.

Advertisement