Партијата “Единствена горанска партија” со кандидатска листа на локални избори во Косово

На локалните избори во Косово, што ќе се одржат на 22 октомври, со своја кандидатска листа ќе учествува и партијата „Единствена горанска партија“. На кандидатската листа на нашата партија се наоѓаат 16 кандидати, од разни делови на целата област Гора и кандидат за Градоначалник на општина Драгаш Адмир Шола. На листата се млади и вредни луѓе, кои се залагаат за подобрување на положбата на областа Гора, – вели претседателот на партијата „Единствена горанска партија“ дипломиран инжињер Адем Хоџа.

Меѓу 16 кандидати се и четри жени. На изборното ливче партијата е на 40 место, а мотото на партијата е „Сила за Промена“. Хоџа упати апел до сите учесници на изборите, изборниот процес да се спроведе во согласност со меѓународните стандради, да биде фер и коректен. Реториката и активностите во изборната кампања треба да минат во мирна атмосфера и толеранција, за изборните резултати да бидат израз на желбата на народот. Нашата порака за овие избори е: Гора мора да победи, посочува Хоџа. Во областа Гора распослани се 9 села, населени со Македонци со муслиманска вероисповед познати под името Горанци, кои говорат македонски јазик.

Advertisement