Партијата на Македонците во Грција „Виножито“ ќе одржи четврт редовен конгрес во недела на 11 ноември, 2018 во село Горно Врбени, Лерин, Егејска Македонија. Главните теми на конгресот ќе бидат: Преглед на работата и активностите на Македонското движење во Грција, планирање акции за наредниот период, одлука за учество на партијата на европските избори од мај 2019 година и избор на нови партиски органи. Членовите и пријателите на партијата се поканети да присуствуваат на конгресот. – стои во соопштението на партијата на Македонците во Грција „Виножито“
Advertisement