Партијата на Македонците во Грција „Виножито“ во ноември ќе одржи четврт редовен конгрес

Партијата на Македонците во Грција „Виножито“ ќе одржи четврт редовен конгрес во недела на 11 ноември, 2018 во село Горно Врбени, Лерин, Егејска Македонија. Главните теми на конгресот ќе бидат: Преглед на работата и активностите на  Македонското движење во Грција, планирање акции за наредниот период, одлука за учество на партијата на европските избори од мај 2019 година и избор на нови партиски органи. Членовите и пријателите на партијата се поканети да присуствуваат на конгресот. – стои во соопштението на партијата на Македонците во Грција „Виножито“

Advertisement