Патријархот московски и на цела Русија Кирил ја заврши посетата на Албанија (ФОТО)

 

Патријархот московски и на цела Русија Кирил денеска ја заврши тридневната посета на Албанија, со посетата на манастирот Св. Влаш“во близина на Драч и Теолошката православна академија која се наоѓа во кругот на манастирот. Посетата е остварена по покана на Поглаварот на ААПЦ, Анастас Јанулатос, кој истата ја оцени како историска. Меѓу другото Кирил и Јанулатос чиноначластвуваа со неделната утринска свечена литургија во соборниот храм„Всокресение Христово“ во Тирана. На литургијата присуствуваа голем број верници, меѓу нив, и голем број Македонци од Албанија но и од Македонија, кои како што изјавува уредникот на Македонски весникот „Илинден“ Никола Ѓурѓај, пристигнале организирано со автобуси но и сопствени возила.

 

Advertisement