Поднесено жалба до ОН за заштита на името Македонија

Во седиштето на Обединети нации во Женева, во пресрет на Советот за човекови права, а за време на годишната средба на независни екеспрети и специјални репортери за човековите права на Обединети нации, беше доставена жалбата од Граѓаните на Република Македонија, со над 11.000 потписи, за заштита на името на Република Македонија, како и на нашите културни права, вклучително и јазикот, етничкиот идентитет, националниот идентитет и историјата на Македонскиот народ. Во оваа жалба учествуваа и придонесоа граѓаните на Република Македонија на волонтерска основа, како и голем број невладини организации во Република Македонија и ширум светот. Изразуваме голема благодарност на сите оние оние кои учестуваа во оваа акција за заштита на нашата татковина и нашите основни човекови права.

Жалбата можете да ја прочитате на овој ЛИНК