Полиција заплени 671 килограми марихуана во Валона

Полиција од приморскиот град Валона, кај заливот Карабурун, денска спречи обид за шверц на голема количина марихуана. Во акцијата реализирана во соработка со единицата Делта форца, запленети се 671 килограми марихуана и 200 литри бензин, чија крајна дестинација требало да биде Италија. – Уапсено е лицето Бенардо Нежај(29) од Орикум,откако кај месноста „ депото на Валанидин“ открина беше количина од 671 килограми марихуана и 200 литри бензин во осум пластични боци.Продолжуваат активности за откривање и на други лица вмешани во ова незаконско дејствије, -стои во полициското соопштение.

На местото имало и повеќе грла добиток(маски),кои биле користени за транспорт на дрогата. Пред два дена во близина на Валона,во куќата на А.Н.(35) полицијата заплени 246 килограми марихуана,четири автоматски пушки,како и куршуми модел 56,додека пак во Фуш Крија уништи 2.080 стебла марихуана и уапси три лица.