Поранешен бугарски премиер јавно кажал дека е Македонец

 

Сергеј Станишев, роден во Украина на 5 мај 1966 година по таткова линија, тој е со потекло од Егејска Македонија, лидерот на Бугарската социјалистичка партија и поранешен бугарски премиер, на гостување во емисијата од забавен карактер „Оваа сабота“ даде сензационална изјава дека бил Македонец!Ова го пренесува бугарскиот портал „Разкритија“.

Станишев, кој е во вонбрачна врска со Моника Јосифова, инаку Македонка, бил запрашан од водителката на емисијата дали во неговата врска постои љубомора. Тој одговорил: „Тоа се знае само по себе бидејќи таа е Македонка“, по што брзо додал, „Па и јас сум Македонец“.

Разговорот бил воден во неговата семејна куќа, каде што живее со Моника, која неодамна му родила син. Бугарските интернет-медиуми ваквата изјава на Станишев ја оценија како сензационална.