Поранешниот шеф на албанската тајна служба Шиш, Фатос Клоси: Кругот на албанските политичари кои се коруптирани се стеснува

Поранешниот шеф на албанската тајна служба Шиш, Фатос Клоси кој е познат аналитичар за корупцијата во албанската политиката. Клоси во интервју за весникот ,”Сот” нагласува дека “Кругот на албанските политичари кои се коруптирани се стеснува”. Тој додава дека за да се изврши пресметка со коруптираните политичари во Албанија кои се бројни неопходна е и меѓународна подршка. Неоходно е и Албанија да започне да ги суди корпутираните политичари кои долг период се занимаваат со криминални активности. – истакнува Клоси.

Оваа оценка на Клоси доаѓа во време кога ЕУ и САД силно притискаат судската власт да се пресмета со политичарите кои се дел од криминалот и корупцијата во земјата. Како власта така и опозицијата изнесуваат меѓусебни обвинувања дека премиерот Еди Рама и лидерот на опозицијата Лулзим Баша се носители на криминални активности.

Клоси кој одлично ги познава политичките и безбедностните состојби во земјата, дава своја анализа и околу повиците на поранешниот претседател и премиер на Албанија Сали Бериша за насилно соборување на власта. Бериша мора да знае дека такво нешто во Албанија не може да се случи бидејки времето на Бериша е минатo. – подвлекува Клоси.

Фатос Клоси на функција бил во периодот од 1997 до 2002 година со што во пензија испрати 4 премиери на Албанија, Башким Фино (1997), Фатос Нано (1997 – 1998 – кој бил три пати премиер), Пандели Мајко (1998 – 1999), Илир Мета (1999 – 2002 – актуелен претседател на Албанија). Сите биле членови на Социјалистичката партија на Албанија чиј претседател од 2005 година е актуелниот премиер Еди Рама.