Пораст на бројот на руски туристи во Македонија

 

Според податоците на Државниот завод за статистика, во јуни е забележан минимален пораст на бројот на руски туристи кои престојувале во Република Македонија. Евидентирана е посета на 775 руси, што претставува 1% од вкупниот број на туристи кои што допатувале во земјава. Руските туристи оствариле 2096 ноќевања, што е 1,2% од вкупниот број на ноќевања што ги реализирале туристите од странство. Најголем број на странски туристи имало од Турција – 11717, Србија – 6133, Полска – 5841, Холандија – 4489. Република Македонија во јуни 2018 година ја посетиле вкупно 102327 туристи, кои оствариле  243175 ноќевања, се вели на сајтот на Македонска-руска стопанска комора.