Порошенко во официјална посета на Србија

Украинскиот претседател Петро Порошенко допатува во официјална посета на Србија. Тој денеска ќе има средба со српскиот претседател Александар Вучиќ и ќе учествува на бизнис форум со српски и украински стопанственици. Предвидено е потпишување повеќе билатерални договори.