Потпишан меморандум за соработка измеѓу македонските институции во Панчево

 

Оддавајќи им почит на светите македонски браќа  св.Кирил и Методиј и славејќи го нивното дело кое претставува мост за зближување, соработка и поврзување на културите, Македонскиот национален совет, Македонскиот информативен и издавачки центар и Библиотеката на градот Панчево, со цел да се формализира и унапреди досегашната воспоставена добра соработка потпишаа Меморандум за соработка. Меморандумот го потпишаа директорот на Библиотеката Дејан Босниќ, претседателот на Советот Борче Величковски и директорот на НИУ МИИЦ Виктор Шеќеровски. Во таа прилика на Библиотеката и се подаредни книги издадени во Македонскиот информативен и издавачки центар, како и сите броеви на списанието ,,Видело.”

Изразувајќи задоволство од досегашната соработка, потписниците истакнаа дека со формализирањето на соработката на полето на научно-истражувачката работа, култура, образованието, издаваштвото, ќе придонесе и во зачувувањето и презентацијата на издадените дела на македоснки јазик и унапредувањето на пријателствоо помеѓу српскиот и македонскиот народ. Во областа на културата и уметноста потписниците на меморандумот се обврзаа дека ке организираат приредби, фестивали, изложби, книжевни манифестации, тркалезни маси, панел дискусии и други манифестации, како и дека ќе разменуваат искуства во областа на културата и уметноста ради понатамошната размена и соработка, како и формирање на своевиден книжевен фонд на македонски јазик.

На овој свечен чин, покрај претставниците на македонскиот национален совет и медиумите, присуствуваше и претставникот на градот Панчево од областа на културата г-дин Немања Ротар, кој изрази задоволство од соработката на овие три институции и истакна дека градот Панчево го поздравува и подржува овој Меморандум и ќе учествува во сите активности кои ќе произлезат од него.

 

Advertisement