Пратеникот на Сириза, Трианфилос Метафидис го прифаќам постоењето на македонската етничка припадност и јазик

 

Како што пренесува порталот Falanga.com.au, пратеникот на Сириза, Трианфилос Метафидис, разговараше на радиото Реал ФМ 97,8 и гостуваше на емисијата на Васили Лирицис и Димитри Камбураки. Во однос на Репбублика Македонија, Метафидис изјави „Ние се справуваме со ова прашање, бидејќи имаме притисоци од надвор. Тоа е вистински проблем.

Јас нема да ги именувам, ниту пак да ги наречам Скопје. Скопје е град во Македонија. Ова е неисториски и непочитување на нашите соседи. Со кое право ние им забрануваме право на национален и историски идентитет. Дали ние сме некаков суд за историја?“

„Поентата е дека нема територијални претензии, јас велам дека ние сме оштетени во ова место заради оние кои велат дека грчката граница е до реката Инд. Национализмот е едно нешто што не може да биде униптено”, додаде Метафидис.

Advertisement