Преседателот на партијата “Единствена горанска партија” Адем Хоџа на посета на општина Маврово и Ростуше

Денеска во посета на општина Маврово и Ростуше престојуваат преседателот на партијата “Единствена горанска партија” и пратеник во Собранието на Косово Адем Хоџа, и заменик-министерот за економски развој во Владата на Косово, Амза Борје. Тие на средбата со градоначалникот на општината, Медат Куртовски, изразија задоволство од вчерашната посета на македонскиот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, заедно со градоначалникот во селото Рестелица обласата Гора во Косово.

Посетата на министерот Спасовски и средбата со косовскиот министер за внатрешни работи, Бејтупш Гаши, вчера во Рестилица е оценета како мошне успешна и истата отвора нови можности за соработка на Македонија и Косово во пограничните региони. Притоа е нагласено дека плодната соработка на пограничните региони ќе има и многу економски ефекти за Македонците во областа Гора. На средбата е оценето дека постојат добри услови за продлабочување на соработката на општина Маврово-Ростуше со општина Драгаш во областа Гора, и таа соработка ќе биде во интерес на локалните, но и на централните власти. Во областа Гора, на падините на Шар Планина распослани се 18 села, населени со Македонци.