Претседателот Илир Мета меѓу Македонците во Мала Преспа (ВИДЕО)

 

Претседателот на Албанија Илир Мета, денеска престојуваше во Пустец, Мала Преспа ,или како што секогаш знае да каже „меѓу прекрасната македонска заедница“. Повод за престојот е официјачниот почеток на туристичката сезона во општина Пустец, каде што покрај брегот на Преспанското Езеро распослани се девет села населени со етнички Македонци. „Заедно со локалните власти ја отвориме туристичката сезона во општина Пустец.

Ги повикувам домашните и странските туристи да дојдат и да се запознаат со природните убавини во оваа област,посебно Преспанско Езеро,извонредната гостопримливост и традционалните јадења. Воодушевува црквата„Света Богородица“ на островот Мал Град. И посакувам успешна туристичка сезона на општина Пустец, каде одлучив дел од летниот одмор да го минам и јас, – напиша Мета.

Домаќини на шефот на албанската држава во Пустец ,беа заменик градоначалникот, Андон Јани, Васил Стерјовски, секретар на Македонска Алијанса за Европска Интеграција (МАЕИ) отец Алексо Темелко. По прошетката со чамец по Преспанско езеро, ја посетија црквата на островот Мали Град, како и црквата „Света Богородица“ споменик на културата заштитано од државата.