Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана оствари средба со д-р Рената Дескоска Министер за образование и наука

Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, г-дин Никола Ѓурѓај на 23. 03. 2018 година во Министерството за образование и наука на Република Македонија оствари средба со проф. д-р Рената Дескоска, министер за образование и наука. На работната средба претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, ја информираше проф. д-р Рената Дескоска за најновите настани поврзани со актуелната положба на Македонците во Албанија, при што беа актуелизирани прашања кои се однесуваат на проблемите на македонско национално малцинство во Република Албанија.

Воедно, проф. д-р Дескоска беше информирана и за активностите на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, кое со години е активен субјект сред македоската заедница во Албанија. Низ дискусијата, министерот за образование и наука на Република Македонија, проф. д-р Рената Дескоска, покажа исклучителен интерес за положбата на Македонците во Албанија. На средбата, многу отворено, се разговараше за можни активности кои би помогнала за надминување на проблемите на Македонците во Албанија на повеќе полиња.

Секако, во опсегот на надлежностите, проф. д-р Дескоска искажа подготвеност да помогне за подобрување и унапредување на малциските права на Македонците во Албанија. Со надеж дека проф. д-р Рената Дескоска, министер за образование и наука на Република Македонија, сесрдно ќе помогне во подобрување на положбата на Македонците во Албанија, претседателот на Македонско друштво “Илинден”-Тирана топло и се заблагодарува за срдечна средба.

Advertisement