Претседателот на Република Македонија е домаќин на состанокот на лидерите од Процесот Брдо-Бриони (FOTO)

 

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, на денеска во Скопје, Македонија е домаќин на состанокот на лидерите на земјите учеснички од Процесот Брдо-Бриони. Главната цел на Процесот Брдо-Бриони е целосна интеграција на земјите од регионот во Европската Унија, стабилизирање на состојбите во Западен Балкан преку јакнење на регионалната соработка и решавање на отворените прашања. Земји учеснички во Процесот Брдо-Бриони се Република Македонија, Република Албанија, Босна и Херцеговина, Република Косово, Република Словенија, Република Србија, Република Хрватска и Црна Гора, претставени на ниво на претседатели на држави.

Согласно досегашната практика, покрај лидерите на земјите учеснички, на состаноците на Процесот Брдо-Бриони учествуваат високи гости од Европската унија, како и лидери на земји-членки на ЕУ. Еден од почесните гости на состанокот во Скопје е Претседателот на Европскиот совет, г. Доналд Туск. Во фокусот на годинешниот состанок на лидерите на земјите учеснички од Процесот Брдо-Бриони во Скопје е потребата за подобрување на меѓусебната поврзаност во политичка, економска, инфраструктурна и безбедносна смисла, а во контекст на новата стратегија на Европската Унија за Западен Балкан.

Во рамки на Процесот Брдо-Бриони, за прв пат на иницијатива на Република Македонија ќе се одржи состанок на директорите на Агенциите за разузнавање на земјите учеснички во Процесот, на кој ќе се дискутира за безбедносната поврзаност, како сегмент на регионалната соработка. Состанокот на лидерите на земјите учеснички од Процесот Брдо-Бриони во Скопје се одржува деска и утре во хотелот „Александар Палас”.

Претседателот на Македонија, д-р Ѓорге Иванов и Претседателот на Европскиот совет, г. Доналд Туск

Претседателот на Македонија, д-р Ѓорге Иванов и Преседателот на Албанија Илир Мета

Претседателот на Македонија, д-р Ѓорге Иванов и Претседателот на Босна и Херцеговина Бакир Изетбеговиќ

Претседателот на Македонија, д-р Ѓорге Иванов и Претседателот на Црна Гора Филип Вујановиќ

Претседателот на Македонија, д-р Ѓорге Иванов и Претседателот на Косово Хашим Тачи

Претседателот на Македонија, д-р Ѓорге Иванов, и Претседателот на Хрватска, г-а Колинда Грабар-Китаровиќ

Претседателот на Македонија, д-р Ѓорге Иванов и Претседателот на Србија Александар Вучиќ

Претседателот на Македонија, д-р Ѓорге Иванов и Претседателот на Словенија, г. Борут Пахор

Advertisement