Претседателот на Република Македонија упати честитка по повод изборот за Претседател на Република Албанија

 

Ми претставува особена чест и големо задоволство, во името на граѓаните на Република Македонија и во мое лично име, да Ви упатам искрени честитки по повод Вашиот избор за Претседател на Република Албанија, како и да Ви посакам многу успех во извршувањето на оваа одговорна функција.

Во оваа прилика би сакал да го искажам моето уверување дека со заеднички заложби и посветеност ќе продолжиме да ги градиме добрососедските односи, да ги јакнеме односите на пријателство врз основа на взаемно почитување,меѓусебна доверба и поддршка.

Верувам дека ќе работиме и на развивање и продлабочување на соработкатa во интерес на нашите земји и народи, и во интерес на просперитетот и благосостојбата на нашиот регион. Бидете уверени во мојата целосна подготвеност на тој план. Со најискрени желби за натамошна успешна работа, добро здравје и лична среќа, Ве молам да ги примите, господине Мета, изразите на моето највисоко почитување.

Advertisement