Претседателот на Романија со декрет го прогласи „Денот на македонскиот јазик во Романија“

 

Претседателот на Романија со декрет го прогласи 8-ми декември за „Ден на македонскиот јазик во Романија“. По овој повод, денеска се одржа културна манифестација.

Македонците во Романија, мотивирани се со верба во знаењата на Конески, но и од духовната упорност и од трпението на Свети Климент, како и од визионерството на Крсте Петков Мисирков и на целата редица македонски дејци и просветители кои го одбранија заслуженото место на македонскиот јазик како посебност во светската ризница на јазиците – рече Мариана Венера Попеску.

Инаку, „Денот на македонскиот јазик во Романија“ е определен по Декретот на Претседателот на Романија, Клаус Вернер Иоханис, бр. 625, од 26 јули 2018 година за прогласување на Законот за основање на Денот на македонскиот јазик, според одредбите на чл. 77 параграф 1 и чл. 100 параграф 1 од Уставот на Романија.

Мариана Венера Попеску е пратеник во романскиот парламент каде го претставувала македонското национално малцинство.