Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски оствари средба со претседателот на Албанија Илир Мета

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денес (20 ноември 2017та година) заедно со генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и членот на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски оствари средба со претседателот на Република Албанија Илир Мета. На средбата се разговараше за македонско албанските односи, за актуелната политичка состојба и за стратешките приоритети на Република Македонија.

Соговорниците ги реафирмираа заложбите за отворена економска и политичка соработка меѓу двете држави базирана на принципиелна основа. Груевски посочи дека во поглед на остварувањето на приоритетот за влез во НАТО значајна е поддршката на сите земји членки на алијансата вклучително и поддршката на Република Албанија, а воедно тој посочи постојат заеднички предизвици за напредок на патот кон Европската Унија, во чие надополнување соработката е добредојдена.

Груевски посочи дека од соседните држави треба да се очекува политика на заемно почитување и придонес за зајакнување и исполнување на приоритетите. Таквата политика ќе доведе до релаксирање на атмосферата и градење на доверба која е потребна за економски и политички напредок на регионот. Занимавањето и потенцирањето на етноцентристички теми и идеи не придонесуваат за развој на добра атмосфера и меѓусебна  доверба.

Advertisement