Претставникот на ОН Нимиц до ММДЧП: „Неофицијално – ако бев Македонец, не би преговарал за моето име

Специјалниот претставник на ОН, Метју Нимиц им го изјавил на претставниците на Македонското меѓународно движење за човекови права следново: „Неофицијално – ако бев Македонец, не би преговарал за моето име”. Првиот медијатор за спорот за името, Робин О’Нил, повеќепати нагласи дека е против преговорите за името и ја замоли Македонија да ги прекине тие преговари. Иако Нимиц напомена дека неговите коментари се „неофицијални”, ММДЧП го праша зошто и јавно не ги искаже своите чувства, да поднесе оставка и да се откаже од преговорите за името кои што всушност претставуваат, како што рече Робин О’Нил, напад врз најосновните права на Македонија. Како што можевме да го видиме огромниот притисок врз Македонија да го смени името, со цел да се смири угнетувачот Грција, ние одлучивме, во име на Метју Нимиц, јавно да да ги објавиме неговите чувства.

Исто така, кога претседателот на ММДЧП, Бил Николов, го праша Нимиц, какви се неговите очекувања доколку Македонија се повлече од преговорите за името, тој одговори: „Ништо. Не верувам дека би имало било какви последици”. Потполно идентичен одговор добивме и од претставниците на американскиот Стејт департмент кога Николов го постави истото прашање. И згора на тоа, од Стејт департментот рекоа дека според нив решение за спорот за името нема и дека прекинот на преговорите би била логична одлука.

ММДЧП уште еднаш го повторува своето барање до сите политички партии и политичари од Македонија да ги осудат преговорите за името и веднаш да ги прекинат. Болно одекнаа неодамнешните изјави на премиерот Заев во Бугарија кои што значат дека тој е подготвен да го продаде вековното име, етничкото потекло и идентитетот на Македонија, само за да ги задоволи Европската унија, НАТО и САД. ВМРО, вие имавте шанса да го прекинете таканаречениот “спор за името” додека бевте на власт, но одлучивте да не го направите тоа. Откажете се од преговорите за името веднаш. Премиеру Заев, не можете да преговарате за нешто што не е ваше. Дејствувајте барем еднаш во интерес на Македонија и напуштете ги преговорите. Како што кампањата на ММДЧП „Нашето име е Македонија” вели “Кој ти го даде право да преговараш за моето име?” Барајте почит за Македонија. Сега и веднаш.