Професорката од  Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип Ана Никодиновска Крстевска  предаваше за Македонија во Неапол

По покана на проф. Џузепе Каталди, професор по меѓународно јавно право од Универзитетот во Неапол „Ориентале“, во рамките на предметот по Меѓународно јавно право, доц. д-р Ана Никодиновска Крстевска одржа предавање на тема „Македонија и Европската унија“. Во рамките на предавањето беше опишана меѓународната позиција на Република Македонија и нејзините евроинтегративни процеси.

Студентите од Неапол покажаа голем интерес за темата, поставувајќи прашања и истовремено оценувајќи го спорот меѓу двете земји како апсурден. Исто така,  Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип има поптишано договор за Еразмус мобилност на студенти со Универзитетот во Неапол „Ориентале“ – Италија.