Програма на кандидатот на Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ)

Во пресрет на парламентарните избори во Република Албанија што ќе се одржат на 24 јуни,  кандидат на Македонската партија во коалиција со Социјалистичкото движење за интеграција на актуелниот претседател на Република Албанија, Илир Мета, ја објави својата изборна програма која ви ја пренесуваме во целост.

Почитувани Македонци и Македонки, како пратеник во Парламентот на Република Албанија ќе ја застапувам програмата на Македонска алијанса за европска интеграција која се залага за:

– Европска интеграција на Албанија,
– Почитување на правото и правната држава
– Развој на демократијата
-Носење на закон за малцинствата,
– Потпишување и ратификување на повелбата на Советот на Европа за регионални и малцински јазици од страна на Република Албанија
– Признавање на Македонците на целата територија на Република Албанија и добивање на статус на малцински области на Гора и Голо Брдо,
-Нова територијална реформа со кој ќе се гарантира две посебни општини за Македонците во Голо Брдо и Гора,
– Човекови права и граѓански права,
– Изучување на македонскиот јазик во образовниот процес во Голо Брдо и Гора како и во градовите каде што живеат Македонците во Албанија,
– Посебен буџет за економски развој на областите Гора, Голо Брдо, Мала Преспа и Врбник.
– Развој на планинскиот туризам во Гора и Голо Брдо и езерски и планиски туризам во Мала Преспа,
– Правична и сразмерна застапеност на Македонците во сите институции на Република Албанија, полиција, судство, јавна администрација,
– Признавање на Република Македонија под уставното име од Република Албанија,
– Развој на земјоделството и сточарството,
– Потпишување на Договор помеѓу Република Албанија и Република Македонија за почитување на правата на малцинствата во двете земји,
– Основање на фолклорни групи во Мала Преспа, Гора, Голо Брдо и Врбник,
– Изградба на локални патишта, водоводи и канализации во областите Гора, Голо Брдо, Мала Преспа и Врбник.
– Изградба на културни центри во Мала Преспа, Гора и Голо Брдо
– Програма на македонски јазик на државната албанска телевизија,
– Финансиска поддршка од Министерството за култура за културни и образовани активности за Македонците во Република Албанија,
– Организирано прославување на верски и национални празници на Македонците,
– Отворање на македонски културни катчиња во Преспа, Голо Брдо, Гора, Тирана, Подградец, Корча, Билишта, Елбасан,
– Отворање на школо и градинка во Врбник
-Враќање на националноста во регистрите од матичната евиденција,
-Организирање на нов Попис на населението со меѓународен мониторинг,

Advertisement