Промоција на четири книги на македонски јазик во Корча (ВИДЕО – ФОТО)

Македонското друштво “Сонце” во соработка со Институтот за македонски јазик “Крсте Мисирков” од Скопје, во просториите на Округот Корча, во Корча, организираше промоција на четири книги на македонски јазик поврзани со јазикот и традициите на Македонците во Албанија: “Говорот на Македонците во Мала Преспа” од Гоце Цветановски (промотор Елена Јованова – Грујовска), “Голо Брдо” од рускиот автор Андреј Соболев (промотор Веселинка Лаброска), “Записи од мојот крај” од Крисанта Јанкула (промотор Светлана Давкова-Ѓоргиева) и “Поезија и проза од мојот крај” од Крисанта Јанкула (промотор Борче Арсов).