Промовирана студија за прекугранична соработка на регионот Преспа

Воспоставување долгорочна прекугранична соработка за одржлив развој на Преспанскиот регион за трите држави, Македонија, Албанија и Грција е целта на студијата за одржлив економски развој што беше промовирана во општина Ресен, Република Македонија. На студијата која беше презентирана на работен состанок, присуствуваа претставници од делегацијата на Европската унија градоначалниците на општина Ресен, Живко Гошаревски и општина Преспа од Грчка, Страна Панагиотис Паскалидис, како и претставници од албанса страна и невладиниот сектор.

„Во рамките на проектот предвидено е изработка на ажурирана стратегија за одржлив развој фокусирана на инфраструктурни потреби, заштита на животната средина, културно историското богатство, развој на туризмот и сите други релевантни аспекти од прекугранично значење за регионот“ изјави Гошаревски. Делегацијата на ЕУ, во изминативе два месеци, ангажираше експерти за изработка на оваа Студија за оддржлив економски развој на Преспа прекуграничниот регион.