Проштална средба на претседателот Мета со амбасадорот на Македонија во Албанија

Претседателот Илир Мета денеска на проштална средба го прими амбасадорот на Република Македонија г-дин Стојан Карајанов. Осврнувајќи се на интензивирање на билатералните односи и размена на посети на највисоко ниво, претседателот Мета ја пофали заложбата на амбасадорот Карајанов и личниот придонес во зајакнувањето на соработката меѓу Албанија и Македонија. Претседателот Мета, исто така, изрази уверување дека, и по завршувањето на својата дипломатска мисија во Албанија, амбасадорот Карајанов ќе биде активен промотор на албанско-македонските односи.

Advertisement