Протест на новинарите од Западен Балкан на самитот во Тирана

На самитот на новинари од Западен Балкан во Тирана утринава се одржа тивок протест како порака до бирократите од Европска унија. Протестот со црни маички беше инициран од српските новинари, а им се приклучија колегите од регионот, кои ги делат истите проблеми.

„Вака изгледа кога нема слободни медиуми. ЕУ да направи повеќе за слободата на медиумите. Борба против медиумската темница“, пишуваше на црните маички.

Симболичниот протест се случи за време на панел дискусијата по обраќањето на еврокомесарот за проширување Јоханес Јан, кој кажа дека слободата на медиумите е критериум за влез во ЕУ за земјите кандидати. Пред него зборуваше и албанскиот премиер Еди Рама.

Advertisement