Протести на грчкото малцинство во Химара

Вчера локалните жители и особено припадниците на грчкото малцинство во Албанија кои што започнаа протести во градот Химара на југот од земјата. Причина за протестите е одлуката на локалните власти за нов урбанистички план со кој според грчките организации таму ќе бидат уништени имоти на припадници на грчкото малцинство и ќе се врши експропријација на приватна сопственост на Грци.

Жители на регионот, членови на грчката организација Омонија и Партијата за човекови права на грчкото малцинство по протестот одржанн вчера од грчката влада побарале поддршка и најавуваат дополнителна мобилизација на нивните поддржувачи од други краеви на Албанија. Од Атина бараат да го одземе грчкото државјанство за шест членови на градскиот совет кои што се Грци а кои гласале за новиот урбанистички план.

„Ова е обид за да се грабне Химара, никој не може да остане неутрален, давање отпор преку одржување на протести пред општината е должност за сите Грци“, се наведува во јавниот проглас на организаторите на протестите. Албанските власти засега не интервенираат со распоредување на дополнителни полициски единици во градот порад страв од ексалација на состојбите и се обидуваат атмосферата да ја смират преку координиација со локалните политички фактори.

Advertisement