Противниците на Баша бараат враќање на Бериша на чело на ДП

Во Демократската партија на Албанија, расте бројот на членството кое бара на чело на партијата да се врати поранешниот лидер Сали Бериша. Албанските медиуми истакнуваат дека како во претседателството така и во другите партиски органи на централно и локално ниво има оценки дека состојбата во најголемата опозициона партија може да ја поправи само духовниот лидер на десницата Сали Бериша.

Особено расте бројот на барањата за вракање на Бериша на фунцијата претседател на партијата од страна на противниците на актуелниот претседател на Демократската партија Лулзим Баша. Поранешната претседателка на Собранието на Албанија Јозефина Топали вели дека Баша не е во можност да ја собори владата на Рама, бидејки нема такви капацитети за да организира силна опозиција. Таа оценува дека силна опозиција може да организира само Бериша.

Влијателната партиска активистка и екс-заменик шеф на албанската дипломатија Едит Харџи изјави дека Бериша треба да се врати во партијата па макар и привремено, се со цел да ја среди состојбата. Инаку албанските аналитичари оценуваат дека и самиот Бериша не е задоволен од начинот на водење на партијата од страна на претседателот на Демоикратската партија Лулзим Баша. На неколку пати Бериша изрази несогласување со Баша, посебно околу исфрлувањето од кандидатските листи на пратеници пред изборите во земјата, кои во времето на Бериша имаа значајни партиски и државни позиции.