Првата дама на Република Република Македонија, Маја Иванова присуствуваше на настанот со сопругите на шефовите на делегациите учесници на 73. ГС на ОН

Првата дама на Република Македонија, г-ѓа Маја Иванова, во рамки на учеството на 73. Генерално Собрание на Обединетите Нации, присуствуваше на настанот со сопругите на шефовите на делегациите учесници на 73. ГС на ОН, во организација на Првата дама на САД, г-ѓа Меланија Трамп. На приемот првата дама на САД ги престави активностите во рамки на нејзината кампања BE BEST, која е во насока на поддршка и промоција на програми и организации што им помагаат на децата во целиот свет. г-ѓа Трамп информираше и за нејзините следни активности, како и за нејзината прва самостојна посета на Африка во октомври.

Во рамки на приемот на шефовите на делегациите учесници на 73. ГС на ОН  што го приредија американскиот претседател, Доналд Трамп и неговата сопруга, Меланија Трамп, покрај средбите со други гости, г-ѓа Иванова се сретна и со јорданската кралица Раниа. Г-ѓа Иванова присуствуваше и на настан на високо ниво што го приреди првата дама на Република Турција, г-ѓа Емине Ердоган, посветен на зајакнување на положбата на жената во Африка. На состанокот беше порачано дека грижата за жените во Африка е хумана должност. Г-ѓа Ердоган ги презентираше и нејзините активности со ТИКА во афричките земји.

Претходно, во Детроит, г-ѓа Иванова ја посети Детската болница Мичиген, кадешто беше запозната со севкупната работа на оваа детска болница, идните планови во нејзината работа, а беше разговарано и за можностите за соработка на болницата со здравствени институции во Македонија. Г-ѓа Иванова ги претстави нејзините активности поврзани со детското здравје, со посебен акцент на децата со аутизам. Во Детроит, г-ѓа Иванова одржа средба со истакнати преставнички на македонската дијаспора. Г-ѓа Иванова беше прогласена за Почесен член на Советодавното тело на програмата за женско лидерство на Обединетата Македонска Дијаспора.

Advertisement