Први снимки од воздушните напади во Сирија (ВИДЕО)

 

САД, Велика Британија и Франција извршија воздушни напади на цели во Сирија, се појавија видео снимки и фотографии од Дамаск. Снимките се од ноќта во главниот град на Сирија, Дамаск. Нападот во Сирија е изведен како одговор за наводното користење хемиско оружје во Дума за што Русија вели дека нема докази. Пентагон претходно соопшти дека мети на нападот биле Дамаск и две локации во близина на Хомс. Сириската државна телевизија јави дека противвоздушната одбрана соборила 13 ракети јужно од Дамаск, додека САД наведуваат дека немаат информации за пресретнати ракети, пренесува РТ.