Ракометниот Клуб Енхалон е против промена на уставното име на Република Македонија

Како спортска институција која работи во Општина Струга, Република Македонија чуствуваме морална и етичка одговорност кон сите генерации на спортисти кои тренираат во Ракометниот Клуб Енхалон-Струга и сите граѓани на Република Македонија кој се за зачувување на унитарноста,интегритетот и суверенитетот на Република Македонија !

Како Ракометен Клуб и институција која работа во областа на спортот,најостро ги осудуваме преговорите помеѓу нашиот јужен сосед и Република Македонија за промена на уставниот карактер на нашата држава  Република Македонија !

Генерациите кои ги градиме ќе застанат под знамето и Репрезентацијата на Република Македонија и на ниту една друга држава ! Да застанаме сите во одбрана на нашиот идентитет, јазик,култура и да се оддолжиме на сите наши борци кои го дадоа животот за ова парче земја !

Како спортска институција се оградуваме од секакви политички влијанија ! И повикуваме ова да не се користи за собирање на политички поени ! Ова е момент кога сите заедно треба да застанеме во одбрана на националните интереси ! Македонија е се што имаме ! Нашето име е РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ! – стои во соопштението на Ракометниот Клуб Енхалон-Струга.