Рама подготвен за разговори со опозицијата

Премиерот Еди Рама изјави дека е подготвен на разговори со опозицијата која викендов организираше протести. Сепак, тој ја обвини Демократската партија на Љуљзим Баша дека има друга агенда, а не почнување на преговорите со ЕУ. Инаку, на состанокот во неговата Социјалистичка партија, Рама ги информираше своите сопартијци за учеството на форумот во Давос и за одржаните средби.

Фантазиите кои се потхранети со стравот кај дел од политичкиот спектар и пропагандата за наводно заробување на правдата се невистинити. Лажни се бидејќи да беше поинаку тогаш ЕУ или САД немаше да дозволат во најмала рака да има обид за заробување на правдата. Опозицијата има агенда која не е 100% во согласност со фокусот што политичката класа треба да го има во овој процес, за да се гарантира отворање на преговорите. Ние имаме обврска да продолжиме да се обидуваме да создадеме услови за дијалог со опозицијата“, рече премиерот Еди Рама.

Advertisement